Научниците на
ЦЕРН, европската организација за нуклеарни истражувања, по речиси 40-годишна
потрага вчера соопштија дека ги откриле субатомските честички на Хигсовиот
бозон, за кои се верува дека биле клучни при формирањето на ѕвездите, планетите
и животот. Британскиот научник Питер Хигс е тој што уште од 1964 година ги
проучувал принципите на бозоните и ја поставил теоријата за постоењето на овие
божествени честички.

Стандардниот
модел по кој се раководат научниците предвидува  постоење на хигсовиот бозон, честичка што теортеска
брзина на енергијата би била над брзината која луѓето може да ја постигнат во
акцелератор на честички пред пуштањето на употреба на ГХК-колајдерот. Доколку
научниците не ја пронајдеа таканаречената божја честичка, тоа би значело дека
постојат фундаментални грешки во стандардниот модел и со тоа би била потребна
нова теорија на физиката за честичките која би објаснила зашто истите имаат
маса. Откритието на оваа честичка од друга страна е конечна потврда на
научниците дека стандардниот модел точно го опишува светот што не опкружува.
Честичката многу тешко може да се забележи, поради тоа што не опстојува долго
време. Штом се формира, се распаѓа во флуксови од енергија. Единствениот начин
да се дојде до елементарните честички е да судираат протони при фантастични
енергии и да се согледуваат резултатите од ударите, преку огромни магнети кои
создаваат огромна магнетна енергија во ранг од 1 до 3 тесли, при што е можно да
се следи како се однесуваат честичките. Досегашниот проблем беше во тоа што при
тие удари постоел огромен шум на енергиите од други честици, така што да се
дојде до состојба да се чуе токму Хигсовиот бозон потребно било да се
елиминираат сите тие дополнителни сигнали.

Портпаролот на
ЦЕРН изјави дека резулатите на двата тима што учествуваа во потрагата по
божјата честичка се прелиминарни, но со голема проценутална сигурност.
Научниците велат дека резултатите со 5 сигма точност значат дека се 99,999
проценти сигурни во пронаоѓањето на новата честичка.

Научниците од
ЦЕРН велат дека откривањето на честичката што е конзистентна со Хигсовиот бозон
е само почеток на пошироко проучување кое треба да ја утврди особината на
новата честичка и најверојатно ќе го осветли патот кон разрешувањето на другите
мистерии поврзани со нашиот универзум.

На вчерашната
конференција  беше присутен и осумдесет и
тригодишниот Питер Хигс, кој видно возбуден изјави дека се радува што
честичката е откриена за време на неговиот живот. „Вчудоневиден сум со која
брзина се дојде до резултати. Ова е сведоштво за експертизата на истражувачите
и елаборативните технологии што се на располагање. Искрено не очекував ова да
се случи додека сум жив, па затоа ги замолив моите најблиски да го стават
шампањското во фрижидер “.

Г.А.Ж
Извор: Дејли Мејл