Пред точно 30 години основачот на Епл Стив Џобс во текот на конференција во Аспен закопал временска капсула чија содржина денес е откриена, а ќе биде прикажана во документарен филм на National Geographic.
Daily Mail пренесува дека на тимот од емисијата “Diggers” на National Geographic им биле потребни скоро два часа за да ја ископаат цевката долга чети метри. Во неа се наоѓале шест лименки пиво, глушец за компјутер кој пред 30 години бил вистинска реткост и уште многу други предмети кои ќе бидат прикажани во документарецот.
Капсулата требало да биде ископана уште пред 10 години, но лицата кои присуствувале на чинот заедно со Стив Џобс ја заборавиле точната локација.