Ричард Лукбил пред 24 години бил принуден да го продаде својот сакан Форд Мустанг кога неговата фамилија имала финансиски потешкотии. Разделбата со неговиот прв автомобил ја прифатил тешко и многу години жалел поради одлуката која ја направил.


Неговите четири деца одлучиле дека е време нивниот татко да си го добие назад својот сакан Мустанг, а по неколку месеци барање успеале да го лоцираат автомобилот и новиот нов сопственик.

 
Преговорите и не биле така лесни но по неколку неделно убедување успеале да го откупат автомобилот и да го вратат назад во нивниот дом.

Реакцијата на нивниот татко може да ја погледнете во видеото кое одлучиле да го направат и споделат на социјалните мрежи.