На 13- ти и 14- ти август, Велестово ќе биде домаќин на 22 Интернационална поетска ноќ.

Поетската вечер ќе биде отворена со претставување на поетското творештво на Никола Маџиров. Беседа за делото на Маџиров ќе одржи академик Матеја Матевски, а стихови од неговата поезија ќе чита Томе Витанов, во придружба на музиката на Зоран Маџиров.
На отворањето на Поетската ноќ во Велестово, во тремот на црквата “Успение на Св. Богородица” ќе биде поставена и изложба на академскиот сликар Јане Бакрески-Бакре.

Според програмата, вечерта на 14 август ќе се одржат интернационални поетски читања “Глобално поетско село” со учество на француско-сирискиот поет Марам ал-Масри, турскиот Ерол Туфан и српскиот поет Миљурко Вукадиновиќ.

Годинешната Поетска ноќ во Велестово ќе заврши со македонско-израелски музичко-поетски перформанс на Ронит Бергман & УНДОНЕ и со изложба на постери од Гоце Спасовски во Домот на културата.

Ohridnews