Свеченото отварање ќе се одржи во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Годинава учество на “Охридските староградски средби“ ќе земат ансамбли и музички групи од Охрид, Скопје, Делчево, Кратово, Гевгелија, Прилеп и Ресен.
Во рамки на манифестацијата ќе биде отворена и изложба на акварелни цртежи од колекцијата на Завод и Музеј – Охрид.