По цели 20 години чартер авион со холандски туристи денеска ке слета на охридскиот аеродром. Со него ќе дојде првата група од 70-на холандски туристи кои ќе одмараат на охридското крајбрежје. Тие ќе бидат сместени во х. Дрим во Струга кој во соработка со холандскиот туроператр „Q“ го реализираат овој туристички аранжман.
Гоце Чакароски, директор на хотел Дрим – Струга
Холанѓаните во убавините на Струга и Охрид че уживаат во еднонеделни аранжмани. Секоја недела до октомври на охридскиот аеродром ќе слетува по еден чартер авион што е добра најава за враќање на холандските гости на ривиерата по долга пауза.
По повод доаѓањето на првата група холандски туристи во х. Дрим ќе биде организиран коктел на кој туристите од земјата на лалињата ке можат да вкусат традиционални јадења и да го почувствуваат македонското гостопримство.