Деновиве заврши чистењето на каналот на  улицата „Бистрица“, кој е една од најжешките еколошки точки во градот. Со тоа се санира еден проблем кој со години ги мачи жителите од овој дел на Охрид.  


Општината го санираше каналот на ул. „Бистрица“

Низ каналот поминува природниот водотек од месноста „Алтанин Мост“ . Пред 2 децении, овој водотек беше покриен  со бетонски плочи за да се заштити каналот, кој се наоѓа  веднаш до коловозот, со што пак  беше отежнато неговото одржување.  Во средината на минатиот месец плочите над каналот беа отстранети,  се изврши комплетно чистење на неговото корито и се поставија нови плочи, информираше локалната самоуправа.

ohridnews