Од 12 до 14 септември, на Охридското Езеро ќе се оджи традиционалната Меѓународна регата во кајак на мирни води.
Организатор на регатата која годинава се одржува по 14 пат, е кајак кану клубот „Стрмец“ од Охрид, кој слави 70 години од основањето.
На регатата учество ќе земат кајакари од повеќе земји од соседството, а конечниот список на учесници ќе биде познат на 10ти септември.
Натпреварите ќе се одржуваат на кејот, на потегот од х. Палас до х. Милениум. Сите трки ќе бидат на 500 метри, а во чест на ветераите на КК „Стрмец“ низ кој во минатото продефилирале многу шампиони, ќе се одржи една маратонска трка на 2000 метри.
OhridNews