Пет натпревари се на програмата попладнево од 16 часот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во рамки на 6. коло, кое ќе биде комплетирано в понеделник.
Лидерот Шкендија, која единствена е непоразена, во Тетово го пречекува Шкупи, додека второпласираната Брера Струмица е домаќин на Работнички. Вардар ќе се обиде да ја забележи првата победа сезонава во дуелот против градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров, додека Гостивар е домаќин на Силекс, а Воска Спорт ја пречекува Брегалница.
Натпреварот помеѓу Воска Спорт и Брегалница ќе се игра со почеток во 16 часот во СРЦ „Билјанини извори“.
Шестото прволигашко коло ќе биде комплетирано в понеделник кога актуелниот шампион Струга пред своите гледачи ќе игра против Тиквеш.
ПМФЛ, табела:
Шкендија 12, Брера Струмица 12, Брегалница 9, Шкупи 8, Тиквеш 7, Силекс 6, Работнички 6, Македонија ЃП 5, Воска 4, Струга 3, Гостивар 3, Вардар 1.
OhridNews