Изминатиот викенд на програмата беше 29 коло од ОПрвата фудбалска лига. Екипата на Воска Сопорт на „Билјанини извори“ со високи 4-0 триумфираше над Брегалница.
Бранителот на титулата и актуелен лидер Струга загуби неочекувано на домашен терен од Силекс со 3-2. Поразот на Струга го искористија фудбалерите на Шкупи кои со два гола во самиот финиш направија резултатски пресврт во дуелот со Тиквеш и со триумфот од 3-2 се израмнија бодовно со Струга на врвот на табелата.
Убедлива победа пред своите гледачи забележа Шкендија над Гостивар (4-1), додека Вардар е сè подалеку од зоната за опстанок откако загуби минимално на гостувањето во Струмица од Брера (0-2). Работнички и Македонија ЃП ги поделија бодовите играјќи 1-1.
ПМФЛ – 29 коло резултати:
Брера – Вардар 2-0
Работнички – Македонија ЃП 1-1
Шкендија – Гостивар 4-1
Шкупи – Тиквеш 3-2
Струга – Слекс 2-3
Воска – Брегалница 4-0.
Табела: Струга 58, Шкупи 58, Шкендија 55, Силекс 41, Тиквеш 39, Брера 37, Гостивар 37, Работнички 35, Воска 34, Вардар 29, Македонија ЃП 26, Брегалница 26.
Г.М.