Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкупи забележа победа попладнево на домашен терен против Борец во рамки на 27 коло, во кое дербито меѓу Македонија ЃП и Брегалница не донесе победник.
Шкендија ремизираше во дуелот против Ренова, додека Академија Пандев триумфираше очекувано над Пелистер на домашен терен.
Работнички – Тиквеш 1-0, Академија Пандев – Пелистер 2-0, Македонија ЃП – Брегалница 1-1, Шкендија – Ренова 1-1, Шкупи – Борец 3-1, Струга – Скопје 1-0.
Табела: Шкупи 65, Шкендија 52, Академија Пандев 52, Македонија ЃП 50, Ренова 38, Брегалница 38, Работнички 37, Струга 36, Скопје 26, Тиквеш 24, Борец 15, Пелистер 10.
OhridNews