Екипата на Шкупи ја забележа 19 победа сезонава во Првата македонска фудбалска лига и ја зголеми предноста пред конкурентите за трофејот.

По „киксот“ на Шкендија и поразот на Академија Пандев, тимот од Чаир има 13 бодови предност и е убедлив лидер во поредокот.

Резултати на неделните натпревари од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига:

Академија Пандев – Скопје 1:2
Брегалница – Ренова 2:2
Македонија ЃП – Пелистер 2:0
Шкендија – Борец 0:0
Шкупи – Тиквеш 1:0.

Табела: Шкупи 61 бод, Академија Пандев 48, Шкендија 48, Македонија ЃП 46, Ренова 37, Брегалница 37, Струга 33, Работнички 31, Скопје 25, Тиквеш 21, Борец 14, Пелистер 10.

OhridNews