Со жрепка попладнево во седиштето на ФФМ е одреден распоредот на натпревари во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) за новата сезона 2022/23.
Воведното коло ќе се игра на 6 август, а шампионот Шкупи одбраната на титулата ќе ја почне со гостување во Кавадарци кај Тиквеш.
Зимската пауза е предвидена за 11 декември кога ќе биде одиграно 18. коло, а пролетниот дел од сезоната ќе стартува на 19 февруари.
Нови членови на прволигашкото друштво се Силекс и Победа.
OhridNews