Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа натпреварите од 23. коло.

Актуелниот шампион Струга Трим Лум и второпласираниот Шкупи освоија три бода, додека Шкендија дојде само до бод на свој терен со Воска и сега заостанува во трката за трофејот.

Резултати:
Гостивар – Вардар 0:0
Шкендија – Воска Спорт 0:0
Шкупи – Работнички 3:2
Силекс – Македонија ЃП 1:0
Струга – Брера 3:1
Тиквеш Брегалница 2:1.

Табела: Струга 48 бода, Шкупи 47, Шкендија 44, Тиквеш 32, Силекс 32, Гостивар 31, Брера Струмица 27, Работнички 27, Воска 26, Вардар 25, Брегалница 21, Македонија ЃП 18.

OhridNews