Охридска граѓанска судска парница за развод деновиве е тема во јавноста, откако весникот Вечер предупреди дека случајот може да прерасне во скандал поради обид за влијание врз судството.

Случајот за кој деновиве информираат медиумите, се однесува на постапка за развод на брак и за доделување на малолетниот син, поведена пред Основниот суд во Охрид. Тужител е таткото. Постапката завршува со пресуда, со која бракот се разведува, а малолетниот син му се доделува на таткото.

Мајката поднела жалба во Апелациониот суд во Битола. Ангажирана била правна застапничка која наводно е блиска роднина на судијка на Апелацииониот суд во Битола, која треба да одлучува по жалбата пишува Вечер. Повикувајќи се на фото и видео докази весникот отвара сомнеж за влијание врз судии во случајот, посочувајќи на наводна средба што се случила помеѓу член на семејството на жалителот и сопруг на судијка која, исто така, наводно била член во судскиот совет во Апелација кој одлучува по предметот, за што втората страна поднела кривична пријава.

Целата сторија на Вечер прочитајте ја тука.

Извор: Вечер