Едно семејство од Конектикат, САД, поминало шест и пол години пловејќи околу светот на својот брод „Естрела“. Тоа не го планирале, но едноставно така испаднало. планирале да одат на патување до Јужна Азија, но кога стигнале одлучиле да продолжат до Африка. Потоа следел и Бразил, а дома се вратиле по седум години.


На копно останувале колку што сакале, а ги посетиле сите најважни приморски места. На море без прекин најдолго поминале 36 дена, а на копно 15 месеци, во јужна Африка. Научиле да живеат без апарати за домаќинство, а децата морале да учат сами бидејќи не посетувале училиште.