Плоштадот во Охрид наскоро ќе биде реконструиран и видоизменет, ќе се отстрани зелениот појас и ќе биде вратен дел од стариот камен.
 
-Наскоро плоштадот ќе го реконструираме и ќе го направиме да може до него да се приоѓа од сите страни, а не како до сега само од два влезa. Ќе се отстранат  жардињерите и ќе се направат скали по кои ќе се приоѓа од сите страни на плоштадот. Досега плоштадот беше како некое трло, но тоа ќе го смениме. Исто така ќе вратиме дел од стариот камен и ќе го декорираме полоштадот со него – изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески гостувајќи во емисиајта Соочување на Радио Охрид.


Централниот плоштад во Охрид ќе се реконструира

Тој рече дека денес или утре ќе се одлучи дали со реконструкцијата ќе се стартува деновиве, или после трети мај, што секако зависело од анализите дали ќе се стигне да се заврши со работите до почетокот на самтот на претседатели кој ќе се одржи во Охрид.


Деновиве ќе се одлучува кога ќе почне реконструкцијата на плоштадот-Петрески

– Доколку се процени дека работите ќе траат подолго тогаш ќе започнеме сега а ќе мора да завршиме до 27 или 28 април, а доколку нема време да се завршат работите секако дека ќе започнеме по трети мај и ќе завршиме во текот на мај. Одлуката коа ќе започне реконструкцијата ќе се донесе денес или утре – рече Петрески.

ohridnews