Од приватната болница „Плодност“ во Битола со соопштение до јавноста по информацијата дека доктор од болницата е заразен со коронавирус. Целта е, како што велат од болницата, да не се продолжува со шпекулации и ширење невистини.
- Заболениот Д-р Христијан Трчевски во изминатиот подолг периот не го напуштил градот, по што следува заклучок дека го добил вирусот од некој пациент, иако, болницата од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, ја зголеми хигиенската постапка во болницата. Неговата совесност и како родител и како доктор, го натера да направи дури два тестови. Од првиот беше негативен, а по неколку дена позитивен на КОВИД 19. Тој е во одлична здравствена состојба. Веднаш, како што носи редот, ги известивме сите надлежни институции, а најбиските на д-р Христијан се во самоизолација. Тоа се случува и со голем дел од персоналот, велат од болницата.
По увидот на терен и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа. Оваа здравствена установа има и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.
- Сепак, во името на разумот, на одговорноста која ја носиме и пред се поради здравјето на сите нас, нашите вработени, нашите пациенти, одлучивме болницата да биде затворена и воопшто да не работи до 13 април. Дотогаш, сите во самоизолација ќе поминат период од 15 дека, а во болницата ќе биде направено ново дезинфицирање. Ова е само уште една потврда дека докторите, кои се во служба на своите пациенти, во овој период се едни од најизложените на корона вирусот, потенцира Прим. д-р Таше Трпчески од болницата „Плодност“.
OhridNews