Изминатиот викенд на стрелиштето во спортската сала Скаптопара во Благоевград се одржа меѓународниот Турнир “Пирин 2022” на кој учество зедоа повеќе клубови од Р. Бугарија како и стрелци од Македонија, од двата охридски стрелачки клубови СК „Охрид“ и ЖСК „Лихнидос“, кои остварија забележителни резултати.

Во дисциплината воздушна пушка за помлади јуниорки (до 15 год), Теодора Спироска од СК „Охрид“ се пласира на втората позиција со резултат од 385,4 кругови. Во дисциплината воздушен пиштол јуниорки, Стефанија Вељановска заврши како третопласирана во финале, откако во квалификациите истотака стартуваше од третата позиција.

Од ЖСК „Лихнидос“ најголемо изненадување направи младиот Бора Каќел, кој се пласира на третата позиција во категорија помлади јуниори (до 15 год) со резултат од 356,8 за само 0.2 кругови послабо од второпласираниот. Кај пиштољашите, Климент Мостро со резултат од 339 кругови се пласира на третата позиција во категорија помлади јуниори (до 15 год). Со 7 кругови помалку, во истата дисциплина, Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на четвртата позиција. Во дисциплината воздушна пушка за помлади јуниорки (до 15 год), Ана Танеска од ЖСК „Лихнидос“ заврши како петтопласирана со резултат од 365,3 круга, за само 0.9 помалку од четвртопласираната. Веднаш зад неа е Драгана Локоска со резултат од 360,8 кругови. На деветата позиција се пласира Сара Цикуш, на 11-тата Ема Петрова, додека Матеа Вејновиќ се пласира на 12-тата позиција. Кај јуниорите Кристијан Балоски и Андреј Ванѓеловски преку квалификациите имаа влез во финале, но не успеаа да се закитат со некој од медаљите, туку завршија како 5-то односно 7-мо пласирани.

Влез во финале по квалификациите имаше и за Наталија Савеска, на која и недостигаше искуство за медал. Кај помладите јуниорки на пиштол свој прв настап имаа Стефани Савеска и Теодора Сајкоска кои се пласираа на 4-тата односно 5-тата позиција.

Медалите и признанијата ги додели двократниот олимписки шампион од Бугарија Танјо Кирјаков, а стрелците имаа убава можност да се натпреваруваат со познати шампиони од клубовите во Бугарија како што се ЦСКА, Левски, АП Спорт, Спартак, Пирин, Сандански и Светкавица.

OhridNews