Теквондистите од „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид со плоден настапи на турнирот „Романија Опен 2017“ ги завршија обврските за пролетната полусезона . Охридскиот клуб на завршниот турнир настапи со пет натпреварувачи, а освои шест одличја меѓу кои три златни.

Во Романија охридските теквондисти ги одмерија силите со претставници од 10 земји од Романија, Бугарија, Србија, БиХ, Унгарија, Австрија, Молдавија ,Чешка, Словенија и Македонија. На турнирот како и на секој А класа турнир беше пристуно ракводството на ИТФ, генералниот секретар Ким Сунг Хван, благајникот Ким Чол Гју, потретседателот мастер Марио Богданов и Гранд Мастерот Ким Унг Чол црн појас IX дан .

На турнирот во Романија големо изнедување приредија  Марио Крстески и Филип Трифуноски. Крстески зеде Злато во форми, а во борби беше оштетен од судиите во финалето иако беше драстично подобар од својот противник, се закити со сребрен медал и со тоа му беше скратена можноста да се закити и со пехар за најдобар кадет, Трифуноски, пак својата супериорност ја демонстрира во специјални техники, кој во кокуренција од 17 кадети го освои првото место и се закити со злато, иако ова му беше прв пат да натпреварува во оваа дисциплина, додека во борби се закити со бронза.

Божидар Димитриевиќ очекувано го зеде златото во борби и со тоа го потврди својот квалитет кој ни го покажа во Љубљана каде даде 2 нокаути со вртен удар и беше запишан во листата на нокаутери на 13 години. Давид Крстески на овој турнир стигна до полуфинале и се закити со бронза , но овај пат беше видливо преморен и не можеше да го даде својот максимум. Христијан Митрески исто беше преморен од претходните натпревари кои ни дојдоја набрзо, а штотуку влезе во најтешката јуниорска категорија и за жал не успеа да се закити со медал.

OhridNews