Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец –Охрид имаше плоден настап на турнирот во словенскиот град Љубљана освојувајќи 1 златен, 2 сребрени и 9 бронзени медаљи.


На најсилниот турнир за оваа сезона покрај охридскиот клуб учествуваа 23 клубови од 10 земји меѓу кои Словенија, Чешка, Австрија, Србија, БиХ, Словачка, Унгарија, Романија, Хрватска и Македонија.

Клубовите учесниците во Љубљана ги тестираат своите репрезентативци за Светското првенство кое следува за јуниори кое ќе се одржи од 5 до 11 септември во Италија.

Охридскиот клуб го тестираше Александар Јованоски кој се закити со бронзен медал во дисциплината спаринг-борби во конкуренција од 17 натпреварувачи.

Освојувачи на медаљи: Јана Спасеска 1 место борби воп категорија -55 кг жени до 13 години, Елена Јанеска -3 место борби во категорија -45 кг жени до 13 години, иако Елена има само 9 години настапуваше во поголема годишна категорија со што покажа дека е одличен борец. Миле Климоски-2 место форми зелени појаси. Јане Димов -3 место форми жолт и појаси. Давид Велковски 2 медали -3 место форми , 3 место екипно деца до 13 години спаринг. Христијан Митрески 2 медали – 3 место во категорија -45 кг спаринг деца до 13 години, 3 место екипно деца до 13 години спаринг. Божидар Димитриевиќ -3 место екипно деца до 13 години спаринг. Антони Јанески 2 медали -2 место во категорија -45 кг спаринг деца до 13 години , 3 место екипно деца до 13 години спаринг.

На турнирот исто така настапија екипно пионери до 13 години со што се закитија со третото место спаринг екипно. Најголемото изненадување и возбудување на овој натпревар го направи Антонио Јанески кој во полуфиналето во спаринг во неговата категорија го нокаутира претставникот на домаќините со атракривен вртен удар со нога со што се запиша во листата на нокаутери уште на 13 години, а со тоа доби и најголеми пофалби од сите присутни тренери и натпреварувачи.

OhridNews