Базенот кој е дел од хотелот “Holiday Inn” во Шангај е нешто што не се гледа секој ден. Еден дел од базенот ја “пробива” фасадата на врвот на хотелот кој има 24 спрата и изгледа како да виси во воздух.

Неговото дно е направено од многу цврсто стакло што на посетителите им нуди необично искуство бидејќи можат да ја видат улицата под нив, а чуството од хотелот го опишуваат како пливање во облаците.

Овој необичен базен е долг 30 метри, широк 6 и длабок 1.5 метар и е прв ваков базен некогаш направен во Кина. Тој е отворен за сите гости на хотелот и членови на финтес клубот, а од хотелот не сакаат да откијат колку чинела неговата изградба.