Охридските пливачки школи Делфина 2012 и Охридски Бранови одново и оваа година го разбрануваа градскиот пливачки базен.


Двете школи заедно кои работат само во летниот период вкупно имаат 150 членови поделени во возрасни категории и тренираат по два пати дневно од понеделник до петок.


Најмалите членови се од шест од годишна возраст и тренинзите ги одработуваат во малиот базен, а најголемите се до 15 години и пливаат во големиот базен.


Пливањето и пливачките спортови во Охрид треба да воскресне по изградбата на затворениот базен за кој веќе е објавен тендер.

Мх.П.