Пливачкиот митинг „Климент Охридски 2013“ после петнаесетгодишна апситенција го врати пливањето во Охрид. На митингот , кој го организираше Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ клубот „Охридски Бранови“ учествуваа стотина пливачи од Охрид, Битола, Струга, Скопје и Прилеп.
– Ова е голем чекор напред за пливањето во Охрид кое долги години се мачеше и стагнираше на едно место. После повеќе од 15 години можиме да се пофалиме со митинг, кој се надевам дека ќе прерасне во традиција – рече Никола Маленко, делегат на митингот и секретар во пливачкиот клуб „Охридски Бранови“.
Главен покровител на пливачкиот митинг „Климент Охридски 2013“ е Општината Охрид, која е изненадена од одзивот и интересот на пливачите.
– На градскиот базен промовиравме уште еден проект од спортското лето во Охрид, кое го организира Општината. Задоволството да се биде дел од ваков настан е големо бидејќи се работи за млада категорија на пливачи кои допрва треба носат големи резултати. Ние како локална самоуправа ги подржуваме и ќе ги помогаме сите спортски настани во градот – потенцираше секретарот на Општината, Димитар Спасески.
Проектот спортско лето продолжува во организација на Ј.П. „Билјанини Извори“ и Општината Охрид. Директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Иван Цветкоски најави уште настани кои ќе ги свртат целото внимание во градот.
Мх.П.