Пливачките возбудувувања во „Len Open Water Cup 2021“ ќе започнат во Охрид. Десеткилометарската трка ќе се одржи на 14 август покрај кејот Македонија на Охридското езеро.
Патеката како и претходно ќе биде кружна, што ќе биде одлична мамка за гледачите од блиску да ја следат борбата на најдобрите пливачи во машка и женска конкуренција.
Годинава е второ издание на „Len Open Water Cup 2021“. Првото беше во 2019 година, а минатата 2020 година не се одржа поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Во првото издание на пиедесталот се искачија грчкиот пливач Чаралампос Кинигакис и Португалката Анџелика Андре.
„Len Open Water 2021“ го организира Пливачката федерацијата на Северна Македонија (ПФСМ), со поддршка од Македонски олимписки комитет (МОК) и Општина Охрид.
Две недели после трката во Охрид, пливачите ќе се натпреваруваат во турски Истанбул, потоа следуваат трките во Алгеро (Италија), Ријека (Хрватска), Барселона (Шпанија) и финалето кое е закажано во Пиомбини (Италија).
OhridNews