Матичната куќа на пливањето во нашата земја доби ново име и ќе се вика Национална пливачка федарација (НПФ), а како што беше до сега Пливачка федерација на Македонија (ПФМ).
Поради преспанскиот договор спортските федерации мора го менуваат името. Првата опција е да бидат спортски федерации на Северна Македонија, а втората е да го имаат називот „национална“ наместо новото име на државата. Пливачката федерација се одлучи за втората опција.
Во централниот регистар како прв човек на НПФ стои Александар Филипчев, а не Александар Маленко кој ја извршуваше функцијата претседател. Неизвесноста околу претседателот во пливањето кулминираше минатата година кога во Охрид се одржаа два „мали“ маратони и две 10-километарски трки a многу веројатно да продолжи и оваа година.
OhridNews