Со низа натпреварувачки настани од меѓународен карактер и едукативни семинари пливањето ќе го заземе местото спорт број еден во нашиот град за месецов кој следува. Како што информира Пливачката федерацијата на Северна Македонија (ПФСМ) предводена од Александар Маленко градот Охрид ќе биде домаќин на светската пливачка елита.
Возбудувањата во Охридското езеро ќе започнат викендов кој доаѓа со сертифицирањето на судии за далеченско пливање. Истиот викенд ќе се држи Балканското младинско пливање во далечинско пливање.
Следниот викед ќе се одржа семинарот за сертифицирање на тренери и Европскиот куп за далечинско пливање. На 24 август ќе одржи Охридскиот пливачки маратон додека на 28 во Охрид ќе заврши Гран при серијата на 10 километри.
Спортските настани ќе се одвиваат со следниот распоред:
8-10.08.2019г. FINA School for official Open water 2019 – Ohrid (сертифицирање на судии за далечинско пливање)
9-11.08.2019г. Балканско младинско првенство во далечинско пливање
кружна патека, Градски кеј х. Royal View – Охрид
15-19.8.2019г. FINA Swimming Coaches Certification Course Ohrid 2019 (сертифицирање на тренери L2)
18.08.2019г. LEN Cup Open Water Leg 4 10км (Европски куп во далечинско пливање)
кружна патека, Градски кеј х. Royal View – Охрид
24.08.2019г. FINA Ultra Swim Marathon Series 25km – Ohrid патека: “Климе Савин” 25км
Старт: 12.00ч. Св. Наум – цел: Градско пристаниште – Охрид
28.08.2019г. FINA CNSG Grand Prix World Series 10km (финална трка)
кружна патека, Градски кеј х. Royal View – Охрид
OhridNews