Неколку голфери предизвикале паника на терените за голф кај Саутемптон откако во саботата попладне повикале полиција мислејќи дека на тревникот лежи голем бел тигар кој всушност бил само играчка. По дојавата пристигнал хеликоптер на полицијата, а сите голфери од терените биле префлрени на сигурно. На терените пристигнале и специјалци со посебно оружје во случај животното премногу да се приближи на луѓето, како и експерти од локалната зоолошка градина.
Во случај на крајна потреба, полицијата била спремна и да го затвори автопатот кој се наоѓал во близина. Додека воружените полицајци се приближувале кон белиот тигар сватиле дека тој воопшто не се движи. Екипата од хеликоптерот снимала со термална камера, а од животното не излегувала никаква топлина. Портпаролката на полицијата изјавила дека на крајот сватиле оти станува збор за играчка, која била во природна големина, и за која не знаат како се нашла на терените за голф.