Хју Хефнер тврдел дека изданието на списанието Плејбој, во кое позира американската актерка Линдзи Лохан, ги соборувало сите рекорди со продажбата. Атрактивната и проблематична актерка позирала за февруарското издание, кое било пуштено во продажба нешто порано, бидејќи фотографиите веќе се појавиле во јавноста.

Иако се шпекулирало дека тоа негативно ќе влијае на продажбата на списанието, Хефнер на Твитер објавил дека продажбата ги соборувала сите рекорди, тврдејќи дека списанието речиси целосно било распродадено, бидејќи луѓето купувале по неколку примероци. Инаку, Хју Хефнер изјавил дека позирањето на Линдзи Лохан во Плејбој всушност била негова идеја, за која иснпирација пронашол во Мерлин Монро.