Списанието Плејбој, во склоп на своето редизајнирање, ќе престане да објавува фотографии од потполно голи жени, што на ова списание своевремено му донесе популарност ширум светот, пренесуваат електронските медиуми. Хју Хефнер и неговите соработници како главна причина за оваа одлука ја навеле достапноста на порнографските содржини. Интернетот, според нивното мислење, направи голотијата да застари, но и порнографските списанија да бидат малку комерцијално испалтливи. Скот Флендерс, извршниот директор на компанијата Плејбој вели дека сега сте само еден клик оддалечени од секоја замислива поза во сексот, па еротските фотографии едноставно се демоде.
Тиражот на Плејбој падна од 5,6 милиони во 1970 година на 800 илјади, покажуваат официјалните податоци. Списанието и понатаму ќе објавува фотографии од жени во провокативни пози, но не потполно голи. Одлуката за редизајнот наводно е донесена минатиот месец на состанок со основачот на Плејбој и сегашен главен и одговорен уредник Хју Хефнер. Уредниците на списанието признаа дека Плејбој, кој прв пат беше објавен во 1953 година, е претекнат од промените во кои беше пионир. Сајтот на Плејбој веќе ги исфрли разголените фотографии како би имал пристап до социјалните платформи како Фејсбук и Твитер и благодарение на тоа го зголеми бројот на посетители за 16 милиони.