Британското медиумско регулаторно тело „Офком“ го казнило списанието „Плејбој“ со 121 илјада евра, поради невнимание во спречувањето на децата да дојдат до порнографски содржини. Веб страниците на американскиот Плејбој обезбедуваат пристап до видео снимки и фотографии без контрола која одговара за тоа дали ги гледаат лица постари од 18 години.
Медиумите пренеле дека веб страницата “Demand Adult” објавува порнографија на која може да и се пристапи со едноставно притискање на копчето “Enter, I am over 18”, додека тв каналот Плејбој користел исти принцип за пристап на помалку експлицитни содржини. Корисниците на обете страници за пристап можат да користат картички, кои можат да ги набават лица постари од 11 години.