Популарното списание за мажи Плејбој добило издание и на Хебрејски јазик. Во Израел Плејбој може да се купи со години, но тоа е прво локално издание на списанието, во кое ќе можат да се видат фотографии од израелски девојки и да се читаат текстови од домашни автори.
Плејбој излегува од 1953 година. Врв на популарноста доживеало пред четири децении, а падот на тиражот во изминативе години се препишува на големиот број интернет страници наменети за мажите.