Кошаркарскиот клуб АВ Охрид со триумфот над Пелистер (53-51) на домашен терен обезбеди опстанок и мирна завршница во дебитанската сезона во најквалитетната кошаркарска лига во Македонија.


Во двете преостанати рунди од плејаутот ќе се одлучи која екипа од Пелистер и Струмица ќе му се придружи на Вардар во преселувањето еден ранг подолу.

Струмица првата меч топка за опстанок ја има следниот викенд кога на домашен терен го пречекува охридскиот состав. Струмичани со победа се спасуваат, додека со пораз од Охрид во последната рунда во меѓусебен дуел со битолчани од првенството ќе решаваат за прволигашкиот живот.


Во плејофот МЗТ Скопје направи чекор пред Карпош Соколи, откако триумфираше во дербито со 87-85. Првата победа во плејофот ја забележа Фени Индустри совладувајќи го Куманово 101-98, додека Работнички тесно со 68-67 славеше против Кожув.

Резултати:

Плејаут: АВ Охрид – Пелистер 53-51, Вардар – Струмица 50-55.

Табела: АВ Охрид 25, Струмица 25, Пелистер 23, Вардар 19.

Плејоф: Работнички – Кожув 87-86, Карпош Соколи – МЗТ Скопје 85-87, Фени Индустри – Куманово 101-98.

Табела: МЗТ Скопје 8, Карпош Соколи 7, Работнички 6, Куманово 6, Кожув 5, Фени Индустри 5.

OhridNews