Kошаркарите на АВ Охрид го претрпеа првиот пораз во плејаут лигата, откако во „Билјанини Извори“ изгубија од составот на Вардар 65-77 (11-23, 20-14, 18-27, 16-13). 

„Црвено црните“ со првиот триумф сезонава ја прекинаа серијата од три победи на „галебите“ и ги вратија шансите за опстанок во елитата.

Гостинските кошаркари максимално ја искористија непрецизноста и слабата игра во напад на охридскиот состав и првиот дел го добија со двоцифрена предност (23-11).

На стартот од вториот период во „Билјанини Извори“ кошаркарите на Вардар стигнаа и до предност од 14 поени на семафорот. Охриѓани до крајот на првиот дел го преполовија водството на гостите и на одмор заминаа со шест поени негатива (37-31).

Слабата и неефикасната игра во напад на „галебите“ продолжи и во третиот квартал, а во целосното сиволо се вклопи и одбраната. „Црвено црните“ лесно поентираа под обрачот на Охрид и со 27-18 ја добија третата четвртина.

Во последните десет минути охриѓани наметнаа високо темпо со агресивна одбрана и брз напад, но предноста на „вардарци“ беше голема. За разлика од охридските бели, гостинските кошаркари не брзаа иако ја загубија последната четвртина (16-13) не го испуштија водството за прва победа сезонава.

Најпрецизен во гостинскиот состав беше Ибитајо со 15 поени, двоцифрен учинок имаа уште Лефковски (13), Калов 12 и Зекири (10). Во тимот на АВ Охрид најпрецизен беше Брукс со 23 кошеви.

Во следната четвртата рунда од плејофот „галебите“ на домашен терен ќе го пречекаат составот на битолски Пелистер.

OhridNews