Екипата на Вардар направи крупен чекор кон освојување на титулата во македонскиот ракометен шампионат, совладувајќи го директниот ривал Еурофарм Пелистер со 35-27 (17-12), во дербито, кое се одигра во СРЦ „Јане Сандански“.

„Црвено црните“ не само што ја оправдаа улогата на фаворит со победа во супер дербито, туку остварија триумф со висока гол разлика, која е добра залиха за реваншот во Битола за повеќе од еден месец, кој (сигурно) ќе одлучува за титулата.

Во третата рунда, Охрид, ја забележа првата победа, совладувајќи го Пролет на гостински терен со 28-26 и побегна од дното на табелата. Во преостанатите две пресметки Бутел Скопје со тесни 22-21 славеше против Струга, а Металург со 36-23 го декласираше Еурофарм Пелистер 2.

  • Резултати:

Бутел Скопје – Струга 22-21

Пролет – Охрид 26-28

Металург – Еурофарм Пелистер 2 36-23

Вардар – Пелистер

Табела: Вардар 9, Еурофарм Пелистер 6, Пролет 6, Бутел Скопје 6, Металург 4, Охрид 3, Струга 1, Еурофарм Пелистер 2 0

OhridNews

 

Мразот во плејофот е скршен, „гладијаторите“ победија во Скопје!