Градското дерби Металург – Вардар, кое ќе се одигра денеска во 15 часот, ќе ја одбележи седмата рунда во плејофот од Супер лигата.

Скопската пресметка некогаш беше најголемо градско дерби во Европа, денеска, не е така, бидејќи последниве неколку години двата клубови се движат по различни патишта. Во пресрет на дербито, Вардар, кој е лидер на табелата е голем фаворит и се освен победа ќе биде големо изненадување.

Покрај овој дуел денеска ќе се одигра средбата Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје во Битола. Утре, последната рунда од првиот круг ќе се комплетира со дуелите Охрид – Еурофарм Пелистер односно Пролет – Струга.

  • Двојки:

Металург – Вардар (сабота 15ч)

Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје (сабота 15ч)

Охрид – Еурофарм Пелистер (недела 14 ч)

Пролет – Струга (недела 14:30ч)

Табела: Вардар 18, Е. Пелистер 15, Пролет 9, Охрид 8, Бутел Скопје 7, Металург 5, Струга 3, Е. Пелистер 2 2

OhridNews