Ракометарите на Металург имаа успешен почеток на вториот натпреварувачки круг во плејофот од Супер лигата, победувајќи го Пролет со 29-22, во спортската сала „Автокоманда“.

„Металурзите“ во вистински момент се „разбудија“, покажувајќи го вистинското лице го совладаа Пролет, кој славеше во првиот дуел на стартот од возбудувањата во плејофот. Со победата и трите бодови, Металург, најави интересна разврска за третата и четвртата позиција на табелата, позиции кои водат во Европа.

Вардар и Еурофарм Пелистер без поголеми проблеми ги оправдаа фаворитиските улоги, победувајќи ги Еурофарм Пелистер 2 односно Струга. „Црвено црните“ во Битола славеа со 33-26, додека „пелистерци“ со 30-16 ја сомлеа Струга.

  • Резултати:

Металург – Пролет 29-22

Струга – Еурофарм Пелистер 16-30

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 26-33

Охрид – Бутел Скопје (сабота 14ч)

Табела: Вардар 24, Еурофарм Пелистер 21, Пролет 12, Бутел Скопје 10, Охрид 8, Металург 5, Струга 3, Еурофарм Пелистер 2 2

OhridNews