Охридските ракометари ја раситнаа нулата на табелата во плејофот од Супер лигата, победувајќи и освојувајќи три бодови кај Пролет во Скопје (28-26), во третата рунда од разигрувањето за титулата.

„Гладијаторите“ одиграа тимски натпревар во двата правци, но најмногу во триумфот се истакнаа голманот Јагош Брауновиќ кој зад своето име запиша двоцифрен број на одбрани и Денис Тот со дест постигнати погодоци.Токму тие двајца ракометари се дел од идеалниот тим во третата рунда од плејофот во Супер лигата, во изборот кој го спроведува „24ракомет“.

Покрај Охрид два свои претставници имаат Вардар и Металург, а еден има екипата на Јуниор Кисела Вода која се натпреварува во плејаутот.

  • Идеалниот тим:

Голман: Јагош Брауновиќ (Охрид)

Лево крило: Милан Поповиќ (Металург)

Лев бек: Кристијан Дисингер (Вардар)

Среден бек: Анте Гаџа (Вардар)

Десен бек: Денис Тот (Охрид)

Десно крило: Златко Хорват (Металург)

Пивот: Марко Трајкоски (Јуниор КВ)

OhridNews