Ракометниот клуб Охрид, мечевите во плејофот од Супер лигата ќе ги финишира во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, откако СРЦ „Билјанини Извори“ за потребите на општото добро стана регионален вакцинален центар.

„Гладијаторите“, сефте во Велгошти ќе имаат в сабота, во 14 часот, кога ќе ги одмерат силите со екипата на Бутел Скопје. Натпреварот со Бутел Скопје од осмата рунда е од големо значење за охриѓани, кои само со триумф ќе останат во игра за местата на табелата кои водат во европските натпреварувања.

Мечот в сабота ќе биде последен од осмата рунда во плејофот, затоа што сите останите натпревари од плејофот се играат в петок.

  • Двојки 8.рунда:

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар (петок 15ч)

Струга – Еурофарм Пелистер (петок 15:30ч)

Металург – Пролет (петок 17ч)

Охрид – Бутел Скопје (сабота 14ч)

Табела: Вардар 21, Еурофарм Пелистер 18, Пролет 12, Бутел Скопје 10, Охрид 8, Металург 5, Струга 3, Еурофарм Пелистер 2 2

OhridNews