Кошаркарите на АВ Охрид претрпеа нов пораз во плејаутот од Првата лига. „Галебите“ оружјето го положија во Битола губејќи од Пелистер со 87-73 (23-21, 17-15, 21-19, 26-18).
Охридските кошаркари настапија исклучиво со домашни сили без ниту еден странец во екипата. Со изменет состав „галебите“ на битолчани им парираа цели 30 минути кога на семафорот беше плус шест за домаќините Во последниот квартал, Пелистер се одлепи и забележа победа од 14 поени разлика.
Овој пораз е вкупно четврти за охриѓани во плејаутот од Првата лига кои остануваат на две победи. Во следната рунда сино белите гостуваат кај тимот на Вардар во Скопје.
Најпрецизен во поразот од Пелистер беше Андреј Настовски со 16 кошеви, а 14 реализираше Димитриев. Кај домаќините најефикасен беше Херис со 26 кошеви.
OhridNews