Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа над Пролет Тинекс во 12 коло од плеј-офот во Супер лигата. Вечерва во салата „Билјанини Извори“ ГРК Охрид – Пролет Тинекс 28:19, полувреме 12:08.

Гостите водеа само еднаш на натпреварот, на почетокот 0:1. Се потоа беше во знак на „гладијаторите“. Неизвесно беше до 11 минута кога при резултат 4:4 Охрид остана без двајца играчи. Но Пролет тоа не знаеше да го казни. Уште некоја минута беше израмнето (7:7) по што домаќините со серија во финишот го решија првото полувреме со 12:08.

Во вториот дел Охрид тргна фуриозно и во 36 минута водеше со 16:08, а потоа и со 17:11. Во еден момент Охрид имаше и +10, а во финишот на натпреварот тренерот Андоновски им даде шанса на помладите играчи од клупата.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Шешиќ со 6 гола, Даниел Андоновски постигна 5.

ГРК Охрид: Миленковиќ, К. Андоновски, Рустамов 2, Дрогришки 2, Кочоски, Цинцадѕе, Д. Андоновски 5, Василевски, Ристески, Димитриески, Тасески 3, Влештица 1, Шешиќ 6, Каракоч, Бојаниќ 5, Цирар 4.

Пролет Тинекс: Тотиќ, Василевски 4, Пецаковски, Додевски, Димов 2, Андоновски 5, Петковски, Мајнов 1, Димковски, Костески, Стојаноски, Фичороски, Јанчев, Михајлевиќ, Палевски 4, Спасовски 3.

Со оваа победа Охрид останува во трка за 4 место кое води во Европа. Охрид има 15 бода, два помалку од Тиквеш кој, исто така вечерва, славеше на гости во Битола над Е. Пелистер 2 со 25:30.

Фото галерија:

Во следното коло Охрид дома го пречекува водечкиот тим на Е. Пелистер, а Тиквеш дома игра со Вардар.

Охрид со камата му наплати на Пролет и остана во трката за Европа

Г. Момироски
Фото: Бобан Стојаноски