Со доделувањето под концесија на десетина плажи на јавното наддавање што деновиве го спроведе Министерството за транспорт и врски, ќе се стави ред на струшкото крајбрежје, смета градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој ги отфрла гласините дека плажите во Струга се делат по етнички клуч и смета дека таквите информации се тенденциозни.

–  Тие што беа пријавени тие ги зедоа плажите , кој изрази интерес тој и доби. Јас не сакам тука да правам раздор или нешто што не оди во интерес на градот, вели Мерко.

Најмногу прашина се крена околу Женска плажа за која во трка беа тројца заинтересирани. Откако првично вкупната цена на плажата отиде до милион евра конкретни најави за уредување има само на еден дел за кој концесионерот треба да издвои 300 илјади евра.

Како и во Охрид, плажите пред струшките хотели ќе бидат доделени по пат на директна спогодба.

OhridNews