Калифорниските капачи оваа седмица поделиле со светот преку социјалните мрежи фотографии на илјадници чудни мали сини морски суштества кои испливале на брегот. Научниците тврдат дека оваа појава не се случила повеќе од една деценија. Според експертите, ова е голема колонија на овие неибични животни, познати како Велела велела, најверојатно испливале на брегот на Сан Франциско поради силниот ветер.

Сепак, има нешто што научниците не востановиле, а тоа е зошто се појавиле токму пред крајот на летото кога тие „цветаат“ од април до мај. Ненси Блек, познат морски биолог, рекла дека минала речиси една деценија откога ги виделе последен пат. Тешко е да се каже зошто се појавиле токму сега. Се проценува дека неколку стотини илјади, можеби и милион, од овие суштества завршиле на брегот на Сан Франциско. Експертите велат дека не претставуваат опасност за луѓето.