Во координирана акција на охридската полиција и надлежните служби, вчера, отстранети се сите диви кампери од плажата Љубаништа, кои ова лето ги имаше во голем број на јавните површини кои се надвор од авто камппот кој се наоѓа во близина.
Локалните жители велат дека немаат ништо против камперите, но за тоа постои соодветен простор токму во продолжение на оваа плажа. Дополнително, велат тие, „туристите“ од сите краеви на земјата буквално го узурпирале самото крајбрежје не дозволувајќи им на другите посетители да престојуваат на плажата пред нивните шатори, поради што често доаѓало и до расправии.
Плажата во Љубаништа утрово беше без диви кампери, слободна да ги прими сите посетители.
По заминувањето на камперите останува да се подигне отпадот кој остана на една од најубавите плажи на источното крајбрежје.
Г.М.