Струшката фирма  „ Модулор“  ја изработува проектната документација за уредување на 150 метри долгата плажа која ќе биде уредена на Охридското езеро во општина Дебарца. Фирмата „ Модулор“  беше избрана на јавниот оглас од страна на министерството за транспорт и врски објавен во месец декември.

Идејното решение за плажата во Дебарца претходно беше избрано од страна на граѓаните кои на јавната анкета, организирана од министерството за транспорт и врски, можеа да гласаат за вкупно пет идејни решенија кои пристигнаа на конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистичко решение за уредување на плажата.

Од пристигнатите идејни решенија, најмногу гласови доби третиот проект, односно 56 проценти од вкупно 3.072 гласови.

OhridNews