Една од најубавите охридски плажи, „Потпеш“, од денеска повторно е отворена за посетителите. Нивото на езерото полека се враќа во нормала, а неодамна беше целосно обновен и оштетениот мост на желбите преку кој се стигнува до „Потпеш“. Отворен е и угостителскиот објект на плажата така што посетителите покрај во прекрасната природа ќе можат да уживаат и во традиционалните јадења и пијалаци.


Плажата „Потпеш“ повторно отворена за посетителите

OhridNews