Започнаа активностите за уредување на плажата на Сараиште. Од локалната самоуправа информираат дека по отстранувањето на пловните објекти од просторот, деновиве се очекува да се донесе нов песок, а ќе бидат поставени  и канти за отпадоци и  клупи за седење. Се вршат подготовки и за поставување инсталации за  тушеви и соблекувални.

Поради големата посетеност на Сараиште, од локалната самоуправа најавуваат дека  наредната туристичка сезона плажата ќе биде и проширена.

Уредувањето  и опремувањето на плажата  Сараиште  се врши од страна на локалната самоуправа, а по барање на жителите од стариот дел од градот.

OhridNews