Охриѓани и туристите кои ќе престојуваат во Охрид во текот на оваа летна сезона ќе може да се релаксираат и забавуваат на плажата „Bella Vista“, која и ова лето ќе понуди богата дневна и ноќна програма, со бројни живи свирки, диџеј-забави и настапи на познати музички имиња.
Според најавите, во прекрасниот амбиент покрај Охридското Езеро, со неповторлива панорама на градот Охрид, забавата стартува овој викенд под мотото „Bella Vista Beach and Dance“.
За првата неповторлива забава од оваа сезона ќе се погрижат момците од „The Backdoor Band“ чиј настап е закажан за вечерва во 21:30 часот.
Сите оние кои уживат во добри диџеј-забави ќе може да бидат дел од музичко шоу на DJ Jeddy кое ќе биде надополнето со перкусионистички сет на музичарот Никола Тони. Нивниот настап ќе започне утревечер-сабота на 27-ми јуни во 21:30 часот.
Во недела на 28-ми јуни плажата „Bella Vista“ ќе приреди целодневна акустична атмосфера, со одбрана музика и гитарско шоу.
Сите кои сакаат да бидат дел од најавените забави ќе може да направат резервации на телефоните: 078/248-382 и 078/263-362.
OhridNews