Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули, споредено со истиот месец минатата година, бележи зголемување од  2.7%.

Ваквото зголемување е резултат, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: рибарство, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба, домаќинствата и во образованието.

Намалување на платите во однос на претходниот месец е забележано во секторите: сообраќај, складирање и врски , други комунални, културни, општи и лични услужни активности и во хотелите и рестораните .

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2010 изнесува 20. 299 денари.

Во јули 2010 година, 2.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews