Штрајк во образовните установи во Охрид  нема. Платите на вработените во образованието легнаа на банкарските сметки и тие веќе започнале да ги подигнуваат, се сознанијата на Секторот за образование при локалната самоуправа.

Наспроти ова лидерот на СОНК Дојчин Цветаноски во изјава за медиумите општина Охрид ја спомна меѓу општините каде делумно се штрајкува.

Според колективниот договор потпишан помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК, доколку до 15 во месецот вработените во образованието не добијат плата, тие имаат право на штрајк.

Во одредени општини вработените во училиштата сеуште не зеле плата и тие најавија дека денеска ќе штрајкуваат. Министерството за образование го подржа штрајкот на овие работници и ги обвини општините за неажурност, поради што се доцнело со исплата на платите.

ohridnews